Instagram конечно се занимава со заштита на корисниците од несакани пораки со голотија

- Advertisement -

Instagram развива алатка која може да ги блокира несаканите пораки со голотија испратени од непознати луѓе. Позната како Заштита од голотија, опцијата наводно ќе работи така што ќе детектира гола фотографија и ќе ја прекрие пред корисникот да добие можност да ја отвори. .

Повеќе детали за самата опција ќе бидат објавени во текот на претстојните недели, но од Instagram тврдат дека нема да може да се видат вистински фотографии или да се споделуваат со трети страни. Додаваат и дека новата опција ќе им помогне на корисниците да се заштитат од голи фотографии, како и од други несакани пораки’.

- Advertisement -

Како што објаснуваат, соработувале со експерти за да се осигураат дека новата опција ќе им ја чува приватноста на луѓето, додека истовремено им дава контрола над пораките кои ги примаат.

Новата опција ја споредуваат со опцијата Скриени зборови, воведена уште во 2021 година. Таа опција овозможува автоматско филтрирање на пораките кои содржат зборови, изрази или емотикони кои не сакаат да ги видат.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -