Samsung дизајнираше тоалет кој изметот го претвора во пепел

- Advertisement -

Samsung дизајнираше безбеден и ефикасен тоалет кој вашиот измет го претвора во пепел, се вели во соопштението за печат кој минатиот месец го објави компанијата. Прототипот е дел од инцијативата Reinvent the Toilet Challenge, која ла лансираше фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс во 2011 година.

„Во светот има 4,5 милијарди луѓе кои немаат пристап до тоалети. Потребни ни се нови науки и нов инженеринг за да се реши проблемот“ изјавија во 2018 година од фондацијата.

- Advertisement -

Изгледа дека Samsung со својот нов тоалет може да го реши тој предизвик.

„Во текот на три години истражување и развој SAIT работеше на основниот дизајн и развојот на компонентите и модуларната технологија. Тоа резултираше со успешно дизајнирање прототип за употреба во домаќинствата. Производот е енергетски ефикасен и ги задоволува потребните перформанси поставени од фондацијата за комерцијализација и употреба во домаќинствата.

- Advertisement -

„Главната технологија ја разви Samsung и вклучува технологија за третирање со топлотна енергија и биопроцесирање за да се убијат патогените од човечкиот измет и да се направат течните и цврстите материи безбедни за околината. Системот овозможува третираната вода да биде целосно рециклирана. Цврстиот отпад се дехидрира, се суши и се спалува да се добие пепел, додека течниот отпад се третира со биолошки процес за прочистување“ велат од Samsung.

Oд Samsung додаваат дека планираат да понудат лиценци за патентот за тоалетот на земјите во развој и да понудат консултација со фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Освен тоа, фондацијата и технолошкиот гигант ќе бараат индустриски партнери за комерцијализација на технологијата откако дизајнот ќе се направи поефикасен за масовно производство.

- Advertisement -

Според СЗО и УНИЦЕФ, 3,6 милијарди луѓе во светот се принудени за користат несанитарни простории како тоалет, па како резултат на тоа 500.000 деца помали од 5 години секоја година умираат од немање чиста вода и хигиена.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -