До 2026 година во светот ќе има 87,5 милиони милионери

- Advertisement -

Бројот на милионери во светот ќе се зголеми за 40 отсто во следните пет години, и покрај зголемувањето на каматните стапки и војната во Украина која го нагризува имотот и приватното богатство оваа година.

До 2026 година, ќе има повеќе од 87,5 милиони луѓе со богатство од најмалку 1 милион долари, од 62,5 милиони во 2021 година, според Извештајот за глобално богатство на Credit Suisse Group за 2022 година објавен претходно минатата недела. Бројката ќе расте побрзо во економиите во развој, а Кина речиси ќе ја удвои својата популација милионери, покажуваат прогнозите.

- Advertisement -

Додека 500-те најбогати луѓе во светот изгубија кумулативно богатство од 1,4 трилиони долари во првата половина од годината, Credit Suisse гледа брзо закрепнување, особено за пазарите во развој. Швајцарската банка очекува Кина да продолжи да генерира големо богатство иако нејзината економија покажува знаци на забавување поради пандемијата на Ковид и пукнатини низ секторите, вклучително и технологијата и недвижностите.

-И покрај инфлацијата и руско-украинската војна, веруваме дека вкупното глобално богатство ќе продолжи да расте. Очекуваме богатството на домаќинствата во Кина да продолжи да се израмнува со Соединетите Држави, напредувајќи еквивалентно на 14 американски години помеѓу 2021 и 2026 година, се вели во извештајот, пренесува Блумберг.

- Advertisement -

(Denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -