Стикери на македонски јазик- кул е кога Cool се пишува на македонски!

- Advertisement -

Викендов во Кафе-книжарница Буква во Скопје беше промовиран проектот на младата уметница Јана Борбала Панзов, насловен „Кул е и кога COOL се пишува на кирилица“.

Проектот е дел од апликациите што беа избрани на конкурсот „Цртај на македонски јазик“ поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

- Advertisement -

Младата уметница изработи 16 „стикери“ со цел, како што самата вели, да ги убеди своите врсници да користат кирилица кога се допишуваат на социјалните мрежи.

Јана Борбала Панзов (2009) е родена во Будимпешта, Унгарија. Основното образование го започнува во Македонија, а подоцна го продолжува во Унгарија. Нејзината талентираност за цртање (сликање, графика, дигитална уметност) е потврдена на многу конкурси на кои учествувала во Унгарија. Со свое дело учествувала на конкурсот на Museum of Fine Arts, Budapest, во рамките на детската програма за уметнички дела инспирирани од големата изложба: Between Hell and Paradise. The Enigmatic World of Hieronymus Bosch. Освен со дигитална уметност, цртање и сликање, изработува и амигуруми (плетени играчки) со кои учествувала на неколку локални продажни изложби.

- Advertisement -

Нејзините стикери може да се презема од следниов ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -