Кучињата можат да намирисаат разни болести, а ново истражување покажа дека научнциите откриле дека најверниот пријател на човекот може да детектира стрес преку здивот на својот сопственик.
Четири кучиња, домашни миленици, учестувале во истражувањето и биле тренирани да изберат еден од три садови со мириси. Во над 650 од 700 обиди тие кучиња успешно го идентификувале примерокот на пот или здив на луѓе под стрес.
Научниците од Универзитетот Квинс од Белфаст се надеваат дека нивната студија ќе биде објавена во списанието Plos One и ќе помогне во обуката на кучиња за терапија.
Кучињата го истражуваат и го доживуваат светот околу нис преку мирисите. Нивните исклучително високи способности се користат на разни полиња – откривање дрога, експлозиви, многу болести како рак, дијабетес и дури и КОВИД.
Во студијата учестувале 36 луѓе кои биле под различен стрес пред решавањето на сложени математички задачи, односно после решавањето на задачите. Секој сад кој кучињата требало да го намирисаат содржел примерок од здивот или потта на испитаниците земен пред и после решавањето на задачите, при што на испитаниците им се мерел и покачениот крвен притисок и отчукувањето на срцето.
Има многу докази дека кучињата можат по мирисот да препознаат одредени медицински состојби кај луѓето или болести, но досега сме немале докази дека кучињата можат да намирисаат и промени во психолошката состојба на луѓето, вели водителката на истражувањето Клара Вилсон.
(Zimo)
(фото: Flickr)