Samsung Galaxy S9 ќе биде претставен во февруари, а во продажба од март

- Advertisement -

Следниот највен модел на Samsung, моделот Galaxy S9, јавноста ќе го види во февруари, а за продажба ќе биде достапен од март, пишува Bloomberg.

Претходно беше најавено дека новите модели S9 и S9 Plus ќе бидат подобрени верзии на постоечките паметни телефони Galaxy S8 и S8 Plus. Новите модели најверојатно ќе го добијат процесорот Snapdragon 845 на Qualcomm кој ќе биде побрз, а најголемата промена ќе биде преместувањето на сензорот за отпечаток на прст под камерата. Тоа значи дека веќе нема да биде на проблематична локација покрај камерата како кај моделите S8, S8 Plus и Note 8.

- Advertisement -

Овој уред исто така ќе добие и AKG стерео звучници и ќе го задржи стандардниот приклучок за слушалки.

Сподели!
- Advertisement -