По прв пат во светот успешно 3Д испечатен нерѓосувачки челик

- Advertisement -

Истражувачи од Националниот институт за стандарди и технологија, Универзитетот Висконсин-Медисон и Националната лабораторија Аргона успеале да испечатат 17-4 челик. Кога ќе се испечати, ги има истите карактеристики како конвенционално произведениот челик.

Резултатите од истражувањето се објавени во ноемвриското издание на Additive Manufacturing. Тие користеле високоенергетски X-зраци од забрзувач на честички за да ги добијат податоците.

- Advertisement -

Цврстината и издржливоста се суштински за нуклеарните централи, карго бродовите, авионите и другите клучни технологии. Од таа причина многу се направени од исклучително издржливи челични легури. По прв пат челик 17-4 може да се печати со 3Д принтер и да ги задржи своите карактеристики. Методот искористен за истражување на супстанцијата во студијата исто така може да послужи како основа за подобро разбирање на тоа како да се печатат различни супстанции и да се предвидат нивните квалитети и перформансите.

Авторите можеле да ја подесат композицијата на челикот за да се открие сет на композиции составени од железо, никел, бакар, ниобиум и хром, кои како комбинација функционирале затоа што имале добри сознанија за структурната динамика во текот на печатењето.

- Advertisement -

„Контролата на композицијата е најбитна за 3Д печатените легури. Со контролирање на композицијата можеме да контролраме како се стврднува. Исто така, покажавме дека со различен степен на ладење, на пример помеѓу 1.000 и 10 милиони степени Целзиусови во секунда, нашите композиции секогаш резултираат со целосно мартензитски 17-4 челик“ велат научниците.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -