KitKat ја заменува пластичната амбалажа со хартиена од која може да се прават оригами

- Advertisement -

Компании од различни индустрии ветуваат дека своите производи и амбалажите ќе ги направат поодржливи. Една таква компанија е Nestle, која во јануари годинава објави дека до 2025 година амбалажата за сите свои слатки задоволства ќе ја замени со таква која 100% ќе може да се рециклира.
Како дел од таа свпоја цел, јапонската филијала на Nestle неодамна објави нова амбалажа за своите популарни чоколатца KitKat, кои сега ќе бидат спакувани во хартија наместо во пластика. За еден огромен конгломерат како швајцарски Nestle замената на дел од материјалите за пакување со такви кои се рециклираат може да предизвика сериозни промени.
На пример, извештаите покажуваат дека оваа компанија само од продажба на пијалаци минатата година заработила повеќе од 21,7 милијарди долари. Префрлањето на еколошка замбалажа за KitKat само во Јапонија треба да ја намали потрошувачката на пластика на компанијата за дури 380 тони годишно.
Јапонија е и најголемиот пазар на компанијата за малите чоколатца, каде што секој ден се продаваат по околу 4 милиони. Амбалажата за KitKat традиционално се прави од пластична фолија и е позната по својата сјајна надворешост. Тој сјаен финиш се користи и делумно за да ги привлече купувачите, но и затоа што за производство на пластична амбалажа е потребно многу помалку енергија.
Со цел да ги привлече купувачите да ги купуваат чоколатцата во хартиена амбалажа, Nestle Japan дизајнираше пакување кое содржи упатства како од хартијата да направите оригинални оригами.

Сподели!
- Advertisement -