Паркинсоновата болест моментално е најбрзорастечка невролошка болест која постои, а тој раст ќе продолжи, тврдат експертите. Додека научнциите напорно работат на пронаоѓање на лек, простојат начини болеста да се забави и да се контролира, при што раната дијагноза може да биде од клучно значење. Можноста за рано и прецизно дијагностицирање и на болеста прави голема разлика за здравјето на пациентите и одредувањето на ефективна терапија.
Научниците сега развија нова, брза и прецизна метода за идентификување на Паркинсоновата болест со помош на тест од кој резултатите се добиваат после само 3 минути од земањето брис од кожата. Нивната студија е објавена во списанието Journal of the American Chemical Society. Земениот брис се анализира на промена во хемиска мешавина од себум, природно восочно масло кое го излачува кожата, а кое претходно се асоцираше со Паркинсоновата болест.
Моментално не постои конечен тест за Паркинсоновата болест, туку научниците бараат симптоми, гледаат историја на болести, резултати од долготраен физички преглед, а во некои случаи и скенирање на мозокот за да се дојде до дијагноза на Паркинсонова болест.
Новиот тест има потенцијал за масовно подобрување на поставените дијагнози и лекување на луѓето со оваа болесгт пред да се појават посериозни симптоми, вели неврологот Монти Силвердејл од Универзитетот Манчестер во Велика Британија. Новиот тест се базира на работата која ја направиле истражувачи со Шкотланѓанката Џој Милне, која има наследна хиперосмија, односно преголема осетливост на мириси. Откако таа забележала дека нејзиниот сопруг појавува мошусен мирис, многу години пред да му биде официјалоно дијагностицирана Паркинсонова болест, откриено е дека Милне може да ги намириса промените и првите знаци на болеста кај луѓето.
Тоа научниците ги мотивирало да користа себум, кој е поврзан со ендокриниот систем и ја одржува влажноста на кожата. Некои од тие истражувачи уште во 2019 година идентификувале дека хемиската мешавина од себум се променила кај поединци после појавата на болеста.
Научниците сега имаат тест базиран на таа промена на биомаркерите. Земените брисеви се испраќаат во лабораторија, каде што се врши масна спектрометрија за да се види нивниот молекуларен состав. За потребите на моменталната студија примероците од 79 луѓе со Паркинсонова болест биле споредени со примероци од 71 лице кои ја немаат болеста.
(Science Alert)
(фото: Wikimedia)