Македонскиот технолошки стартап Native Teams собра 2 милиони евра

- Advertisement -

Платформата за исплата на пари од Северна Македонија, Native Teams ја затвори летната рунда за собирање капитал со 2 милиони eвра. Рундата ја предводеше бугарскиот фонд за ризичен капитал Eleven Ventures. Се приклучија и други водечки фондови, вклучувајќи ги хрватскиот фонд Fil Rouge Capital, Haatch Ventures од Обединетото Кралство и американскиот фонд Quake Capital. Ова беше една од најголемите зачетни рунди за инвестирање во македонски технолошки стартап.

Native Teams е првата финансиска платформа која им помага на фриленсерите и на луѓето кои работат на далечина (како и на нивните работодавци и клиенти) да менаџираат со исплатата на пари и сето тоа во согласност со локалните закони. Овој бизнис се фокусира на модерните работници, каде што предностите на локализираната исплата на пари исто така вклучува други основни бенефити како пристап до здравствена заштита, планирање на пензија и усогласување со основните даноци.

- Advertisement -

Финансиската платформа вклучува алатки за фактурирање и барање на исплата, паричник во кој може да стојат различни валути, како и Visa картичка. Тие се комбинираат со функционалност која му овозможува на секој корисник да ја чува историјата на работодавци во земјата каде што плаќаат даноци.

Стартапот е основан во 2020 година во Скопје. Native Teams сега постои во 30 земји. Компанијата брзо порасна откако по прв пат достигна десеткратен раст на приходите во првата половина од 2022 година во споредба со крајот на 2021 година. Native Teams моментално има повеќе од 60 членови на тимот, кои главно се базирани на Балканот, но и во некои таргет земји – од Португалија до Азербејџан – за да им се даде вистинска локална поддршка на корисниците.

- Advertisement -

Новата инвестициска рунда ќе му овозможи на Native Teams да продолжи со забрзаниот раст, како и да се фокусира на локализирање на услугите а уште повеќе пазари пред да стане глобално достапен во 2023 година. Парите собрани во рундата веќе му помогнаа на Native Teams да се пласира на пазарот во Нигерија, а тимот наскоро ќе ја открие и првата локација во Јужна Америка.

Неодамнешното интервју на Иновативност со Александра Митревска, co-Founder & COO на следниот ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -