Ние,Хероините – првиот женски еднодневен форум

- Advertisement -

„Ние, Хероините“ е женски форум на кој ќе се рефлектираат борбите и предизвиците на жената во различни сегменти од животот. Овој еднодневен форум има за цел да ги руши бариерите, споделувајќи мислења за одредена тематика од страна на професионалци, но и животни приказни, ставајќи акцент на вистинските прашања за кои треба сериозно да се размислува.

Една од главните цели на првата македонска женска интерактивна платформа Better Women Better World (која е организатор на овој настан) е да се споделуваат корисни информации и искуства од страна на експерти од засегнати области. Самата платформа, а особено овој форум е направен со цел да се споделат приказните од жени кои се соочувале и сè уште се соочуваат со разни предизвици во нашето општество и оние кои успеале да победат и продолжиле и после низа порази, но сепак стигнале до остварување на своите цели. „Време е почнеме да ги споделуваме препреките, предизвиците, подемите и падовите со нашата заедница и да размислиме што можеме заеднички да направиме за НИЕ (жените) да бидеме подобри, а со тоа и нашето општество“ , велат од организацијата.

- Advertisement -

Оваа година форумот опфаќа три теми и тоа:

-Предизвиците на жените кои поминуваат низ процесот на ин витро (IVF) фертилизација
-Предизвиците на жените во бизнисот
-Предизвиците на самохрани мајки.

- Advertisement -

Форумот ќе се одржи на 16.10.2022 (недела) со почеток од 11 часот во Јавна соба (Public Room). Сите заинтересирани може да го резервираат својот билет преку следниот линк или директно од вебсајтот на betterwomenbetterworld.com

Целта е овој женски форум да стане традиција и да се одржува секоја година, обработувајќи разни теми кои ги засегаат жените во нашето општество.

- Advertisement -

(Denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -