Експертите предупредуваат: Во 2022 година ќе бидат фрлени 5,3 милијарди телефони

- Advertisement -

Имаме сериозен проблем со електронскиот отпад, велат од Интернационалниот форум за електричен и електронски отпад (WEEE). Само оваа година 5,3 милијарди телефони ќе завршат на депонија, велат од организацијата. Тоа значи дека многу скапоцени минерали кои нема да може да се извадат од електронскиот отпад, како што се бакарот и кобалтот од батериите кои се полнат, ќе мора да се ископуваат од рудници, со што ќе се загадува околината.

„Луѓето не сфаќаат дека некои незначајни предмети имаат голема вредност и на глобално ниво ги има во огромни количини“ вели генералниот директор на WEEE, Паскал Лерој.

- Advertisement -

Организацијата проценува и дека во светот има околу 16 милијарди мобилни телефони, од кои речиси една третина не се користат повеќе. Тие телефони, заедно со електричниот и електронскиот отпад од други извори, до 2030 година ќе достигнат 74 милиони тони годишно, проценуваат од WEEE.

Тие уреди се многу битни извои на материјали кои може да се искористат за производство на други електронски уреди или некаква опрема, како што се турбини на ветар, електрични автомобили или соларни панели и воедно се многу битни за една зелена, дигитална транзиција кон нискокарбонски општества, додаваат од WEEE.

- Advertisement -

Што може да се направи за да се справиме со тој е-отпад? Лерој предлага поставување на кутии со сите супермаркети, некои мали расипани уреди да се подигнуваат при доставата на нови и да се обезбедат поштенски сандачиња за враќање на мал електронски отпад. Тоа се само некои од иницијативите кои ги предлагаат за да се охрабрат луѓето да ги враќаат уредите.

Другиот пристап, кој нема да се допадне никому, е едноставно да не ги фрламе уредите и наместо тоа да ги поправаме. Овој пристап можеби изгледа неконвенционален, затоа што кој би сакал да поправи некој стар телефон наместо да купи нов iPhone? Сепак, ако продолжиме да размислуваме и да се однесуваме така, наското нашата планета ќе се најде во многу поочајна состојба.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -