Forbes ја објави листата со најдобрите работодавци во светот за 2022 година

- Advertisement -

Нема изгледи дека наскоро ќе престане трендот луѓето доброволно да даваат отказ од работа. Глобалниот феномен, кој почна на почетокот на 2021 година, во екот на пандемијата на корона вирусот, ги трансформира работните места. Освен повисоките плати, поголемите бенефити и можностите за подобар баланс меѓу работата и приватниот живот, главен приоритет на лушето сега им е да имаат работа која има некаква цел. А нивните работодавци внимателно ги слушаат барањата и желбите на луѓето.

И покрај таквата тенденција на вработените, познатиот економски магазин Forbes ја објави годинашната листа со најдобрите работодавци во светот World’s Best Employers во соработка со компанијата за пазарни истражувања Statista. За да ја состави листата Statista направила едно истражување во кое вклучила 150.000 вработени со скратени или полчно работно време од 57 земји во светот, кои работат за мултинационални компании и институции. Statista врз основа на резултатите од испитувањето утврдила кои имаат најдобри оценки на полето корпоративна слика, развој на таленти, еднаквост на половите и социјална одговорност.

- Advertisement -

Учесниците во истражувањето требало да одговорат дали би ги препорачале своите работодавци на пријатели и на членови на семејството и да ги оценат другите работодавци во истата индустрија кои се подобри или полоши од нивниот работодавец.

Годинашната листа е составена од 800 компании кои добиле највисоки оценки. А еве кои компании се најдоа во топ 20 на листата:

- Advertisement -

1.Samsung

2.Microsoft

- Advertisement -

3IBM

4.Alphabet

5.Apple

6.Delta Air Lines

7.Costco Wholesales

8.Adobe

9.Southwest Airlines

10.Dell Technologies

11.Lockheed Martin

12.Cisco Systems

13.BMW Group

14.Amazon

15.Decathlon

16.Adidas

17.Airbus

18.Ferrari

19.Fraunhofer Societies

20.Reliance Industries

(Forbes)

(фото: Forbes)

Сподели!
- Advertisement -