- Advertisement -
Во сметањето на времето промени нема да има, па така, граѓаните овој викенд во ноќта меѓу 29 и 30 откомври ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад. Имаше можност да се задржи летното сметање на времето, но сепак тоа нема да се случи.
Откако Министерството за економија направило анализа, Владата денеска одлучила да не продолжи летното сметање на времето. Владата анализираше дали Македонија би можела да биде меѓу првите држави во Европа која ќе остане на летното сметање на времето, за тоа да помогне да се заштеди електрична енергија.
- Advertisement -