Компанија од Калифорнија, чиј основач досега во животот никогаш не направил обичен автомобил, тврди дека во 2025 година на пазарот ќе го пушти првиот вистински летачки автомобил.
Компанијата Alef Aeronautics од Сан Мате во Калифорнија одлучи да биде првата која на пазарот ќе пласира електричен летачки автомобил. Целта им е да го направат тоа во текот на наредните три години, а неодамна го претставја концептот на тоа возило, наречен Alef Model A.
Станува збор за електричен летачки автомобил со каросерија прекриена со мрежа, под која се кријат осум пропелери. Неговите пропелери ќе ги заменат традиционалните автомобилски мотори и ќе му овозможат да полетува и слетува директно вертикално без потреба од писта.
После полетувањето каросеријата на автомобилот се наведнува за 90 степени, така што горниот дел од автомобилот е свртен напред, а пропелерите едноставно даваат потисок нанапред. Патничката кабина се врти околу оската и останува во хоризонтална положба за патниците да можат да бидат свртени напред во текот на летот.
Цената на тој амбициозен летачки автомобил треба да чини околу 300.000 долари, а испораката треба за започне во 2025 година. Alef Model A неодамна беше претставен на конференција за медиуми во Сан Мате во Калифорнија, а има автономија на возење од 322 км, односно автономија на лет од 160 км.
Alef Model A е дизајниран за возење по улица, за полетување кога е тоа потребно и лет над сообраќајот на копно, како решение за проблемот со метежот, велат од Alef Aeronautics. Во случај за наиде на препрека на пат, потенцијално може да ја прелета и да слета после неа. Од компанијата додаваат дека нивниот летачки автомобил може да полета само во посебни подрачјаи сугерираат дека ќе мораат одблиску да соработуваат со сообраќајните и воздушните власти за да добијат дозвола за лет.
Alef Model A има и врати кои се отвораат нагоре и едноставна внатрешност во стилот на тркачките автомобили. Кога лета странично телото прекриено со мрежа овозможува да се лизга низ воздухот, одржувајќи го лесен и дозволувајќи му да остане во воздух без никакви безбедносни проблеми, велат од Alef Aeronautics.
(Daily Mail)
(фото: YouTube)