Во февруари годинава компанијата за агрикултурна роботика Carbon Robotics го претстави својот робот LaserWeeder, решение за контрола на плвелеот кое е создадено да се користи на огромни површини. Се состои од автономен робот за уништување на плевел кој се поставува на задниот дел од трактор и може со ласери за само 1 час да уништи 200.000 корени плевел. Тоа е дупло повеќе отколку првата верзија на роботот, која беше претставена во 2021 година.
„Ја докажавме ефективноста на нашата технологија за уништување плевел и огромните бенефити кои ги имаат фамрерит еод неа, вклучувајќи и поздрави посеви и почва, намалена употреба на хербициди и намалени трошоци за хемикалии и за работна снага“ вели изврпниот директор на Carbon Robotics, Пол Микесел.
Тој додава дека го адаптирале дизајнот на потребите на фармерите, но се уште добваат максимум од нивната докажана ласерска технологија. Нивната мисија е секогаш на фармерите да им ги обезбедат најефикасните алатки, а големата побарувачка за LaserWeeders е доказ дека помагаат да се реши многу сериозен проблем.
Новиот робот има 30 индустриски CO2 ласери, што е трипати повеќе од ласерите што ги содржи Carbon Robotics Autonomous LaserWeeder. Одгледувачите на растенија кои го користат роботот забележуваат до 80% заштеда на троѓоци за ушравување со плевелот, а за 2-3 години ќе ја вратат своптвената инвестиција во роботот. Освен тоа, новиот робот се интегрира во постојната инфраструктура и покрива многу поголема површина.
Роботот има и софистицирана технологија за вештачка интелигенција која може да го идентификува и да го елиминира плевелот со користење термална енергија. Има и посебно осветлување, што значи дека роботот може да работи и дење и ноќе и во речиси секакви временски услови.
(Interesting Engineering)
(фото: Carbon Robotics)