Греење на клима уред – колку струја навистина трошат овие уреди и кои се најекономични?

- Advertisement -

Потрошувачка на инвертер клима уред и реална потрошувачка

Сите модерни климатизери користат инвертер компресор, чиј принцип обезбедува апаратот да не работи со целосна моќност цело време, туку неговата моќност варира по потреба. На пример, при загревање, ако собната температура е многу пониска од саканата температура, инвертер клима уредот ќе работи со полна моќност додека не се постигне саканата температура. Клима уредот со моќност од 3,5 kW со целосна моќност троши максимум околу 1,2 kW електрична енергија.

Кога ќе се постигне саканата температура, инвертерот ќе ја прилагоди или намали својата излезна моќ така што ќе му се дозволи рамномерно да ја одржува саканата температура. Тоа значи дека истиот апарат ја намалува потрошувачката на електрична енергија на 200 до 500W при одржување на температурата (просечно око 350W)!

- Advertisement -

Потрошувачка по час

Како што рековме, потребно е да се направи разлика помеѓу два начини на работа на клима уредот – постигнување и одржување на саканата температура, од која зависи потрошувачката по час: во првиот случај клима уредот користи максимална моќност, а во вториот случај намалена моќност.

Да го земеме примерот на моќност од 3,5 kW. Потрошувачката тогаш изнесува:

- Advertisement -

1,2 kW * 5,29  ден./kWh = 6,35 денари на час кога се постигнува саканата температура

350 W * 5,29 ден./kWh = ~1,85 денари на час при одржување на саканата температура

- Advertisement -

Годишна потрошувачка

Вистинската годишна потрошувачка е многу тешко да се пресмета бидејќи на неа влијаат многу фактори. Надворешната температура, т.е. географската положба, саканата температура, дали останувате во собата цело време или само дел од денот итн.

За да може да се пресмета и споредува потрошувачката на електрична енергија на клима уредите на годишно ниво, Европската Унија ги пропиша истите услови за сите производители на овие апарати, кои се користат за пресметка на нивната просечна годишна потрошувачка.

Просечната потрошувачка можете да ја најдете на секоја ознака за енергетска ефикасност. На пример, Hisense Energy Pro од 3,5 kW има проектирана годишна потрошувачка од 144 kW годишно за ладење и 714 kW за греење.

Како да се намали потрошувачката?

Сега кога сме запознаени со тоа како функционираат овие апарати, можеме да заклучиме кои се најважните фактори за заштеда на електрична енергија:

  • Високо ниво на енергетска ефикасност (А++ или А+++)
  • Соодветно поставена температура – Екстремно ниските или високите температури ќе резултираат со континуирано работење на клима уредот со максимална моќност, но поставувањето на саканата температура превисоко треба да се избегнува(на пример 25°C).
  • Моќност што одговара на просторијата – Послабите клими ќе мора да работат со максимална моќност подолго време (или континуирано) за да ја достигнат температурата на одржување, за што повторно ќе треба да трошат повеќе електрична енергија. Важно е да се направи правилен избор на моќноста на клима уредот за просторијата каде што ќе се користи за да се постигне саканиот ефект: минимална потрошувачка и максимална удобност при греењето.
  • Правилно монтирање на клима уредот – Секогаш е потребно клима уредот да се постави на горниот дел на ѕидот или на најмалку 10см оддалеченост од таванот, бидејќи овој простор придонесува за подобар проток на воздух. Дополнително, мора да се внимава да има слободен простор од 30см од страните за да може сè правилно да се поврзе. Исто така, неопходно е внатрешната и надворешната единица да бидат што поблиску, најмногу поради естетски причини.

Покрај местоположбата, важно е и кој клима уред ќе го изберете. Инвертер технологијата во Кина, за првпат беше произведена и лансирана од компанијата Hisense, која е посветена на развојот и промоцијата на оваа технологија повеќе од 20 години. Hisense отсекогаш бил лидер во индустријата за инвертер клима уреди и со текот на годините акумулирал незаменлива технологија, искуство и доверба од потрошувачите на ова поле. Тој е веројатно најбрзо растечкиот бренд за климатизација во регионот бидејќи на корисниците им нуди најсовремена технологија и врвен квалитет по пристапна цена.

Hisense гарантира долговечност, сигурност и иновација со својата 3 годишна целосна и бесплатна гаранција, а сега и со 5 години гаранција на компресорот. За дополнителна гаранција можат да се регистрираат сите Hisense инвертер клима уреди купени од 15.09.2022 година до 31.12.2022 година. Регистрацијата е на mk.hisense.com најдоцна до 30 дена од денот на купување на клима уредот. Повеќе информации за Hisense и за клима уредите погледнете тука.

Сподели!
- Advertisement -