3Д биопечатени крвни садови може да бидат нов лек за кардиоваскуларни болести

- Advertisement -

Кардиоваскуларните болести се болести на крвниот систем. Особено болестите на срцето, на мозокот и на бубрезите се периферни васкуларни болестикои спаѓаат во оваа група.

Крвните садови, кои носат кислород и хранливи материи, може да се стеснат и да се блокираат, а тоа резултира со повеќе проблеми. Најчесто, крајниот исход е смрт.

- Advertisement -

Истражувачи од Женската болница Бригам го подобрија 3Д печатењето на васкуларни ткива со функционални и механички потписи за решавање на тие проблеми. Резултатите неодамна беа објавени во списанието Science Advances.

Тимот формирал дупла мрежа од биомастило од хидрогел која печати струјни кола на живо ткиво со користење на вкрстување на својствата на природни полимери. Освен робустна вазоконструкција, вазодилација и отстранување бариери, овие кола исто така имаат други битни физиолошки својства на крвни садови.

- Advertisement -

Крвните садови кои ги испечативме навистина имитираат многу од механиката на природните садови, велат истражувачите. Истражувањето покажало дека таквите кола можат да функционираат како васкуларн модели за васкуларни операции, други студии на болести и имаат пирока биомедицинска примена.

Според нив, во САД еден човек умира од кардиоваскуларни болести секои 34 секунди. Исто така, срцевите заболувања се главна причина за смрт и кај машкиот и кај женскиот пол, како и кај членовите на најголем дел од расните и етничките групи.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -