ВИДЕО: Фармери од Калифорнија произведуваат чиста вода за пиење од домати

- Advertisement -

Доматите вообичаено се преработуваат до различни производи, вклучувајќи доматно пире, кечап и сос. Во текот на тој процес доматите пуштаат речиси 95% вода, која се цеди и се фрла како отпад. Сега компанијата Ingomar Packing, компанија за прраработка на домати, создаде технологија која ќе ја собира отпадната вода и ќе ја прочистува до вода за пиење.

Технологијата прво беше измислена во Асвтралија пред една деценија, но не била користена во САД. Ако биде усвоена оваа идеја, преработката на доматите не само што ќе помогне да се заштеди вода, туку ќе ја зголеми економската вредност на одгледувањето домати.

- Advertisement -

„Ние ја собираме водата која природно ја има во овошјето и зеленчукот. Она што го правиме е ловење на испарениот кондензат и потоа го пуштаме низ нашиот процес на прочистување“ вели извршниот директор на Botanical Water, Тери Пол.

Компанијата постави посебна единица за преработка на водата каде што Water Harvesting Units се поставени во контејнери за транспорт. Контејнерите потоа се поврзани со цевки на Ingomar. Водата се прочистува и се чува во резервоари подготвена за употреба во локалната заедница.

- Advertisement -

„Се надеваме дека ќе направиме вистинска разлика со нашата технологија и се надеваме дека ќе почнеме еден тренд на глобално ниво, кој има потенцијал кој досега не е искористен“ велат од Ingomar.

Иако технологијата е доста скапа, компанијата е оптимист дека во блиска иднина ќе имаат поврат на инвестицијата. Првите резервоари со чиста вода се користат во Централна Калифорнија за да се наполнат подземните резерви.

- Advertisement -

Како што велат, крајната цел им е до 2025 година да им помгонат на 100 милиони луѓе во светот кои немаат чиста вода.

(CBS News)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -