Откако најголем дел од технолошките компании во текот нна пандемијата остварија рекордни резултати, а врза база на тие податоци порасна и богатството на нивните шефови, односно на најголемите акционери, оваа година донесе и голем пад. Марк Цукерберг и неговите проблеми се само едни од многуте кои оваа година се во минус од повеќе десетици милијарди долари.
Вредноста која од почетокот на годината досега ја изгубија најбогатите десет луѓе во светот е неколку стотини милијарди долари. Business Insider состави список со луѓето кои се во најголем минус годинава, базирано на индексот на милијардери на Bloomberg.
На прво место на листата е Марк Цукерберг. Неговите проблеми почнаа која фокусот на компанијата го префрли од социјалните мрежи на мета-универзумот, па затоа го смени и името во Meta. Резултатот е следниот – во текот на годината изгуби над 87 милијaрди долари, а ако продолжи падот на берзата, годинава може да ја заврши со минус од дури 100 милијарди долари.
На второ место е извршниот директор на познатата берза за криптовалути Binance, Чангпенг Жао. За него со години се пишуваше дека е тешко да се процени богатството, но податоците на Bloomberg велат дека годинава е во минус од 72,6 милијарди долари
Третото место му припаѓа на Илон Маск, кој и покрај минусот од 66 милијарди долари и понатаму е најбогат човек во светот. На четврто место е Џеф Безос, кој досега има изгубено 65 милијарди долари. Петтото место го зазема соосновачот на Google, Лери Пејџ, со загуба од речиси 40 милијарди долари. На шесто место се најде Бернар Арно, директор на Louis Vuitton, кој е еден од ретките на листата кој не е од технолошката индустрија. На седмо е другиот сосновач на Google, Сергеј Брин, со загуба од 38,1 милијарди долари.
На осмо место е Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безис, чие богатство изминатите 10 месеци се намали за 31,7 милијарди долари. Веднаш зад неа е наследничката на L`Oreal, Франсоаз Бетанкур Мајерс. Десеттото место на оваа неславна листа му припаѓа на Бил Гејтс, кој досега е во минус од 27,3 милијарди долари.
(Business Insider)
(фото: Freepik)