ВИДЕО: Ова е најбрзата тркачка канта за ѓубре во светот

- Advertisement -

Јутјуберот Крис Ролинс дизајнираше моторизирана пластична канта за ѓубре која може да постигне брзина од 100,8 км/ч. Ако се прашувате од каде му е идејата да направи таква канта за ѓубре, одговорот kе дека веќе постоел рекорд за такво возило, па Ролинс одлучил да се обиде да го собори рекордот.

Ролинс за малку ќе го скршел вратот во текот на својот последен обид да постигне нови рекордина патеката Redline Raceway. Ролинс при изградбата на својата тркачка канта за ѓубре имал на ум само една работа – брзината. За тоа му бил доволен мотор со 12 коњски сили, но тој мотор е во самата канта, а Ролинс седел на неа.

- Advertisement -

Шофершајбната на кантата била правоаголна дупка под капакот, доволна за Ролинс да гледа низ неа додека се возел. Сепак, Ролинс поради положбата на седење во кантата можел без проблем да го затвори капакот над главата во текот на возењето.

Од видеото во прилог можете да видите како изгледал процесот на изработка на тркачката канта за ѓубре како и поставувањето на рекордот.

- Advertisement -

(The Drive)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -