Штедењето е знак на свесност, но и на доверба и сигурност

- Advertisement -

Освен за штедењето пари, годинава во знакот на глобалните случувања, многу зборувавме и за штедењето на енергетските извори, за штедењето струја, вода и за чувањето на ресурсите на планетата Земја – вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк АД Скопје

На Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Халкбанк АД Скопје ги сумира досегашните активности, меѓу кои и оние преку Детското штедење Халки, со кои се поттикнува и вложува во финансиската писменост од најмала возраст.

- Advertisement -

Октомври беше во знакот на нашето препознатливо штедливо слонче Халки, големиот пријател на децата. Настаните организирани од неговиот тим се многу посетени, пред сè, поради нивниот забавен и весел карактер. Така на игрив и креативен начин ги поттикнуваме и едуцираме децата за штедењето, а преку нив и нивните родители, наставници и сите повозрасни. Тоа пак вродува со постојана доверба кон нашата банка и постојан интерес за нашите производи и депозити – велат од Халкбанк.

-Оваа година, освен за штедењето пари, во знакот на глобалните случувања, многу зборувавме и за штедењето на енергетските извори, за штедењето струја, вода и за чувањето на ресурсите на планетата Земја. Спроведовме и неколку кампањи кои наидоа на добар прием во јавноста. 31 Октомври го дочекуваме и со реализација на една наша голема желба –  прекрасната Халки креативна работилница во Зоолошката градина. Ова е наш подарок за сите деца и сите посетители. Се надеваме дека ова ќе биде место за дружби, креативно изразување, но и многу нови научени работи. Меѓу нив е и за важноста на штедењето како процес на свесност за себе и за другите, но и доверба и сигурност кон банкарскиот систем  – подвлекува Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

- Advertisement -

Банката неодамна го објави и конкурсот за најдобар краток расказ на тема „Чувари на мудроста“, наменет за учениците од петто до деветто одделение од цела Македонија. Овој конкурс е поврзување со уште една голема општествено-одговорна кампања на банката, „Да ги слушнеме и гушнеме“ и поддршката на старите лица.

Халкбанк е најбрзорастечка банка кај нас и една од петте најголеми банки во земјава. Таа е редок пример за силен бренд кој влева сигурност и доверба. Препознатливиот слоган „Важни се луѓето“, преку Детското штедење продолжува со максимата „Важни се луѓето, но поважни се децата“.

- Advertisement -

Бројните настани за поддршка на луѓето од сите генерации, како и поддршката на целата заедница, продолжуваат и понатаму.  

Сподели!
- Advertisement -