Сензори кои откриваат вода на Марс, првонаграден проект на NASA Space Apps Challenge 2018, за Македонија

- Advertisement -

Три тима од Македонија ќе се натпреваруваат за глобална награда на НАСА

„Помогни им на другите да ја откријат земјата“, „Вулкани, санти мраз и астероиди„, „Леден сјај“, „Она што му треба на светот сега е…“, „Вселена на убавини и чуда“ се само мал дел од предизвиците на кои изминатиот викенд организирани во тимови работеа 120 натпреварувачи од цела Македонија. Најуспешните 3 тима, ДЕЛТА, ПОЛАРИС И ЕВО СПЕЈС, во следните 2 недели ќе снимаат кратко демо видео за својот проект, за потоа да бидат оценувани од НАСА за глобален победник. Глобалниот победник ќе добие награда ПАТУВАЊЕ ВО NASA Kennedy Space Center во Флорида и ќе има можност да присуствува на лансирање на ракета.

Првопласираниот тим ДЕЛТА, кој работеше на предизвикот „Истражи го Марс“ и креираше решение за испраќање на повеќе сензори на црвената планета кои ќе истражуваат дали и каде има вода, освои и директно учество во акцелераторската програма “SPACE STARTUPS LAUNCHPAD”.Акцелераторската програма “SPACE STARTUPS LAUNCHPAD” – од хакатон до лансирање на стартап компанија ќе се реализира од страна на Њуменс Бизнис Акцелераторот и Голдилокс Фондацијата, со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија во периодот од ноември 2018 до мај 2019 година. Можност за учество во акцелераторската програма имаат и учесниците на некое од минатогодишните изданија на NASA Space Apps Challenge во Македонија, а ќе можат да им се приклучат и нови членови на тимот. Најдобрите учесници од програмата ќе добијат поддршка за лансирање на стартап компанија и за учество во програми во САД за Space стартапи, како и можност за поврзување со инвеститори и корпоративни клиенти. Дел од најиновативните корпорации во Македонија веќе ја најавија својата поддршка за соработка со стартап компаниите кои ќе бидат дел од акцелераторската програма со цел развивање на заеднички продукти.

- Advertisement -

„Поларната потрага“ на второрангираниот тим ПОЛАРИС резултираше со креирање на едукативна игра за сите љубители на поларните области или оние кои сакаат да патуваат таму, игра која на забавен начин информира и едуцира за климата, времето и опасностите со кои би се соочиле освојувачите. Треторангираниот тим, а воедно и избор на публиката, ЕВО СПЕЈС, работеше на предизвикот „Можеш ли да изградиш…“. Тие понудија и креираа решение, автономно летало кое ќе врши инспекција на вселенски летала и ќе лоцира и известува дали и каде има некакви оштетувања направени од ситни парчиња вселенски отпад.

- Advertisement -

Со цел изнаоѓање на подобри решенија за предизвиците, на натпреварувачите во текот на целиот натпревар на располагање им беа 30 ментори од најразлични области. Ко-организатори и поддржувачи на овој настан беа: Студентски Парламент на ФИНКИ, Македонска медицинска студентска асоцијација, АИЕСЕК Македонија, МАСИТ, AmCham, Netcetera и ТАВ. Натпреварот на светско ниво е во организација на NASA – американската агенција за вселенски истражувања, кој истовремено се одржa на 200 други локации во светот.

 

Сподели!
- Advertisement -