Деветчасовната агонија на Инстаграм направи голема паника кај корисниците

- Advertisement -

Многу корисници на Инстаграм вчера во текот на денот пријавија дека не можат да се логираат на своите профили на таа социјална мрежа.

- Advertisement -

Челниците на популарната социјална мрежа се огласија на Твитер и објавија дека го решиле проблемот.

„Решивме грешка што предизвика проблеми со пристапот до сметките ширум светот. Грешката предизвика и привремена промена во бројот на следбеници за некои луѓе. Се извинуваме“, рекоа тие.ж

- Advertisement -

Иако ги информираа корисниците дека грешката е поправена, Инстаграм не соопшти што ја предизвикало грешката.

Проблемите започнаа по 14 часот, кога Down Detector забележа голем број пријави за падови на Инстаграм. Некои пријавија дека нивните објави биле избришани, па дури и суспендирани нивните сметки.

- Advertisement -

„Ја суспендиравме вашата корисничка сметка на 31 октомври 2022 година. Имате уште 30 дена да ја обжалите оваа одлука“, е пример за пораката што ја добија некои корисници.

Инстаграм подоцна на Твитер објави: „Свесни сме дека некои од нашите корисници имаат проблеми со пристапот до нивниот профил на Инстаграм. Ја проверуваме ситуацијата и се извинуваме за непријатностите“.

Сподели!
- Advertisement -