После преземањето на Twitter, следно Маск сака да го нападне TikTok

- Advertisement -

TikTok за кратко време стана една од најпопуларните социјал ни мрежи и видеосервиси со големо влијание во виртуелниот и во реалниот свет. Но, одамна пред TikTok постоеше еден друг видеосервис кој беше многу популарен, а преки кој корисниците можеа да снимаат и да споделуваат кратки видеа. Станува збор за Vine, кој во 2021 година го купи Twitter.

Но, таа аквизиција не се покажа баш најуспешна. Проблемите почнаа откако некои од најпопуларните креатори почнаа да ја напуштаат мрежата, најмногу поради немањето опција за монетизација и огласување. Иако имаше огромни очекувања, Vine не ги исполни и Twitter ја згасна платформата во 2016 година.

- Advertisement -

Сепак, изгледа дека Vine сега може повторно да оживее и тоа благодарение на Илон Маск. Новиот шеф на Twitter, кој уште првиот ден ги отпушти најглавните директори во компанијата и сака да воведе месечна претплата од 20 долари, сега размислува и за враќање на Vine.

Toj на Twitter на своите следбеници им го постави прашањето: Дали сакаат да се врати Vine?, а за кратко време на неговата анкета одговорија околу 2 милиони корисници и речиси 70% од нив одговорија со ДА. Маск ги праша и како можат Vine да го направат да биде подобар од TikTok, со што јасно даде до знаење во која насока се неговите планови.

- Advertisement -

Моментално нема никакви официјални планови за враќање на Vine, но некои медиуми ја пренесоа информацијата дека Маск веќе ја претставил таа идеја внатре во компанијата и дека сака новиот Vine да биде достапен веќе до крајот на оваа година.

(Business Insider)

Сподели!
- Advertisement -