Креатрите сега можат да создаваат и да продаваат NFT преку Instagram

- Advertisement -

Кога на крајот на минатата година од Instagram најавија дека работат на имплементацијата на NFT во својата социјална мрежа, светот беше сосема поинакво место. Пред помалку од една година никој не ја споменуваше војната во Украина и сите проблеми поврзани со тоа, а многу инвеститори беа под влијание на криптовалутите и треската по NFT.

Милиони се инвестирани на виртуелни куќи, бродови, првите твитови и други форми на дигитални содржини, но од денешна гледна точка, многу од тие трансации се промашена инвестиција.

- Advertisement -

Иако инвеститорите денес се многу попретпазливи при инвестирањето во NFT, перспективата на таквите незаменливи токени е многу поголема од на пример купување на првиот твит и обидот да се проаде по повисока цена. Имено, NFT овозможува потврда на сопственоста над дигитален имот, што може да биде од голема важност во иднина, особено во мета универзумот, на кој наголемо работи Марк Цукерберг.

Но, тој потенцијал на NFT сака да го искористи и Instagram, па компанијата најави дека креаторите на оваа мрежа ќе добијат можност за креирање и директна продажба на сопствени NFT на Instagram, но и надвор од него. За да им помогнат во тоа Meta претстави и повеќе алатки преку кои ќе може да се изработуваат такви незаменливи токени и преку кои ќе се продава.

- Advertisement -

Продажбата ќе биде возможна директно преку Instagram со користење на опцијата купуват во апликацијата за iOS и Android. Instagram, барем на почетокот, нема да зема провизија за трансакциите, но сигурно размислуваат да го направат тоа кога платформата ќе почне да врти сериозни суми.

На почеток оваа опција ќе се тестира меѓу мала група креатори во САД, а со тек на врее тестирањето ќе се прошири и на други пазари.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixahive)

Сподели!
- Advertisement -