Дали некогаш сте помисле дека може да се добие биодизел од остатоци од кафе? Веројатно не. Сепак, тоа не значи дека не е возможно. Неодамна се случи такво неверојатно откритие во биомедицината.
Имено, научници од Универзитетот Астон произведоа висококвалитетно виодизел гориво така што хранеа микроалги со остатоци од кафе. Според студијата што ја објави универзитетот, ова откритие ќе ги смени сите досегашни сознанија за системот за култивирање микроалги.
Д-р Весна Најдановиќ, која е професор по хемиски инженеринг, и д-р Џиавеи Ванг се дел од тимот кој произвел биогориво од микроалги. Резултатите од студијата се објавени во ноемвриското издание на списанието Renewable and Sustainable Energy Reviews.
Како што велат од универзитетот, околу 98 милиони чаши кафе се пијат дневно во Обединетото Кралство. Тоа резултира со огромна количина остатоци од мелено каде, кои се процесираат како отпад и честопати завршуваат на депонија или се спалуваат. Сега научниците открија дека тие остатоци од кафе служат како структурен дел на микроалгите хлорела вулгарис, како и извор на хранливи материи.
Како резултат на тоа успеале да добијат биодизел кој ги задоволува и европските и американските стандарди за квалитет, има ниска емисија на гасови и овозможува добра работа на моторот.
Се до неодамна алгите се одгледуваа на нехранливи површини од типот на најлон или стиропор. Научниците сега открија дека клетки на микроалги може да се израснат на остатоци од кафе со помош на други хранливи материи. Биодизелот добиен од микроалго може да биде идеален избор за комерцијализација во иднина. Освен тоа, ќе го намали сечењето на палмовите шуми за да се екстрахира палмино масло, од кое се добива биодизел.
(Interesting Engineering)
(фото: Wikimedia)