Научници од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсониан и нивни колеги од Институтот Макс Планк оркија црна дупка со маса поголема од нашето Сонце за околу 10 пати, која е најблиска до нас. Новооткриениот објект го нарекоа Gaia BH1, а се наоѓа на 1.560 светлосни години од Земјата. Но, има уште нешти интересно кај оваа црна дупка, а тоа е дека во негова близина има ѕвезда која од неа е оддалечена исто колку што е Земјата од Сонцето.
Астрономите веруваат дека во нашата галаксија се наоѓаат околу 100 милиони црни дупки кои се од 5 до 100 пати поголеми од Сонцето. Поради таквите димензии тешко се забележуваат со телескоп, а повеќе успех во нивното откривање од неоадамна имаат т.н. детектори на гравитациски бранови.
Сите црни дупки не го „јадат“ материјалот од блиските ѕвезди, со што би се создала т.н. акрециски диск околу нив и би им се олеснила детекцијата на астрономите.
Истражувачите за детекција за оваа црна дупка искористиле една алтернативна техника. Тие проучувале податоци кои ги сорбало вселенското летало Gaia на Европската вселенска агенција, кое прецизно ги мапира позициите, брзината и траекторијата на околу 2 милијарди ѕвезди од Млечниот пат.
Една од тие ѕвезди ја следи црната дупка Gaia BH1. Нејзиното движење покажува мали неправилности, што е показател дека нешто масивно и невидливо ја влече гравитацијата. Мерењата сугерираат дека црната дупка би моела да биде тоа масивно тело, но потребни се повеќе податоци за да бидат сигурни. Затоа научниците ја проучувале ѕвездата со ниски земски инструменти, меѓу кои телескопите Gemini North и Keck 1 на Хаваите и телескопите Magellan Clay и MPG/ESO во Чиле.
Тие дополнителни истражувања во комбинација со податоците од Gaia му овозможиле на тимот детално да го измери системот. Утврдиле дека невидливото тело содржи маса од 10 Сонца и кружи околу центарот на масата за околу 186 наши денови. Така со сигурност заклучиле дека станува збор за црна дупка.
(Vidi.hr)
(фото: Pxfuel)