Солта и пластиката од водата може да се отстранат со – јајца!

- Advertisement -

Истражувачи од Факултетот за инженеринг на Универзиттетот Прнинстон открија дека белките од јајцата можат да се користат за да се отстранат солта и микропластиката од водата. Научниците направиле аерогел, лесен и порозен материјал, со помош на белките од јајцата, кој може да се користи во повеќе сфери како што се филтрирње на водата, складирање енергија и звучна и термална изолација.

Крег Арнолд, професор по механички и вселенски инженеринг и заменик декан за иновации на Универзитетот Принстон, дошол на таа идеја на еден од остатоницте на факултетот. Тој вели дека седел на маса и зго гледал својот сендвич пред него. Си помислил дека тоа е вистинската структура што им е потребна.

- Advertisement -

Потоа им рекол на вработените во лабораторија да му направат различни рецепти за леб за да види дали ќе може да се креира структурата на аерогел која му била потребна. За да види дали таа супстанција ќе функционира, тимот ги елиминирал состојките една по една се додека на крај не останале белките од јајца затоа што протеините во белките се тие што ја давале структурата што им била потребна.

Белките се составени од речиси чисти протеини. Кога ќе се замрзнат и ќе се загреваат на 900 степени Целзиусови во средина без кислород тие креираат структура од карбонски влакна и листови графен. Арнолд и неговите коавтори откриле дека материјалот кој се добива на тој начин може да ги отстрани солта и микропластиката од морската вода со речиси 99% ефикасност.

- Advertisement -

Тие откриле и дека овој материјал може да се произведе во големи количини релативно евтино и без да се наштети на синџирот на исхран. Сега истражувачите се фокусираат на рафинирање на процесот на производство за да може да се користи за прочистување на водата во многу поголеми размери.

Арнолд истражува и други начини на употреба на белките од јајцата за складирање енергија и изолација и ги истражува причините зошто белките од јајца може да се користат во повеќе сфери.

- Advertisement -

Студијата е објавена во весникот Materials Today на 24 август.

(Interesting Engineering)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -