Импланти од течен метал се саморазградуваат во телото

- Advertisement -

Нова технологија ќе овозможи малите медицински импланти сами да се разградуваат наместо хируршки да се отстрануваат од телото. Моментално малите медицинск импланти мора или хируршки да се отстранат кога повеќе не се потребни или да се остават внатре на неодредено време, а и едното и другото може да доведат до компликации.

Меѓутоа, сега научнциите осмислија метода како да ги разградуваат со помош на течен метал. Под водство на проф. Џовани Травес и докторандот Вивиан Феиг тим од МИТ го искористи процесот познат како LMA кој се случува кога течниот метал продира низ зрна од цврст метал, кои ги раздвојуваат ситните кристали од кои се состои.

- Advertisement -

На почетокот научниците се обидувале да го искористат процесот за да ги разградат уредите вградени во гастроинтестиналниот тракт. Знаеле дека мекиот метал галиум добро функционира на тврд алуминиум, па експериментирале со легура од галиум – еутектички галиум индиум (EGaIn), заедно со делумно алуминиумски уред за испорака на лекови.

Тој прототип на уреди во форма на буквата Y се состоел од полимерни кракови наполнетии со лекови споени со полимерен центар со помош на алуминиумски надворешни цевки. Идејата била откако ќе се стави во трактот на пациентот, безопасно да се смести на место и целосно да го ослободи лекот додека не се распадне и да се исфрли со изметот.

- Advertisement -

Во испитувањата на животни, откако уредот бил поставен на место во трактот, орално бил применет раствор кој содржел EGaIn. Додека течноста поминувала преку уредот, предизвикувала деградација на алуминиумските конектори, што овозможило уредот да се распадне и да излезе од телото. Важно е дека студиите на глодари покажале дека EGaIn не е токсичен и е биокомпатибилен, иако мора да се направат дополнителни испитувања за да се видат ефектите врз луѓето.

Благодарение на успехот со уредот за испорака на лекови, научнциите успеале да разградат и алуминиумски стент вграден во ткиво. Поместувајќи се надовр од гастроинтестиналниот тракт се обиделе да аплицираат EGaIn на алуминиумски хируршки спојки, кои се користат за држење на раните затворени. Отстранувањето на хируршките спојки со традиционални средства понекогаш може да го оштети заздравеното ткиво.

- Advertisement -

Утврдено било дека течниот метал предизвикал распаѓање на алуминиумските спојки во рок од неколку минути. Дополнително, кога тие би се користеле во реално сценарио, алуминиумските фрагменти кои се добиваат како резултат наводно не би претставувале проблем.

Истражувањето неодамна беше објавено во списанието Advanced Materials.

(Vidi.hr)

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -