Е-трговецот Amazon, компанија основана од Џеф Безос, стана првата јавно котирана компанија која изгуби 1 трилион долари од пазарната вредност. Иронично, Amazon беше и една од првите неколку компании кои достигнаа вредност од 1 трилион долари. Падот на вредноста на компанијата е резултат на загриженоста која владее на пазарот поради забавувањето на глобалната економија, предводена од САД. Со цел да ги намалат трошоците, компаните како Meta неодамна најавија дека ќе отпуштаат многу вработени. Сепак, Amazon досега нема преземено такви мерки.
Пандемијата на КОВИД-19 натера многу луѓе да користат е-трговци и онлајн продавници од типот на Amazon, кои забележаа вистински бум на приходите. Како што се стишуваше пандемијата, тој скок на бројот на корисници се намали, а приходите паднаа.
Додека Федералните резерви на САД се борат со се повисоката инфлација, каматните стапки се покачуваат, а продажбата паѓа. Заработката на Amazon во третиот квартал ги разочара инвеститорите минатиот месец, но она што уште повече ја сруши довербата на инвеститорите се прогнозите на компанијата за помалку од 8% годишен раст во последниот квартал од 2022 година
Иако ова не би било проблем за други компании, Amazon досега беше вистинска машина за раст, па растот од само 8% е проблематичен за инвеститорите. Акциите на Amazon падна за 50% во изминатите шест месеци, а вредноста на компанијата, која во јуни беше 1,8 трилиони долари, сега е околу 880 милијарди долари.
Иако Amazon можеби ќе биде запаметен како првата јавно котирана компанија која доживеала таков пад, нема да е единствената која ќе ги почувствува последиците од идната рецесија.
(Interesting Engineering)