Хрватскиот електричен хиперавтомобил Rimac Nevera ја достигна најголемата брзина од 412 км.ч, со што официјално стана најбрзиот електричен сериски автомобил во светот. Ова соборување ан рекордот следува после независно потврдениот рекорд за забрзување на Neverа од iизвозена четврт милја, односно околу 400 метри за 8,582 секунди, поставен во 2021 година, со што автомобилот стана електричен сериски автомобил со најголемо забрзување во светот.
За овој рекорд тимот на Римац барал патека со овална форма со рамнини доволно долги за Nevera да ја достигне најголемата брзина, па на крајот се одлучиле да ја проверат брзината на патеката Automotive Testing Papenbоurgh во Германија, со два правци од 4 км.
Патеките на кои може да се постигне брзина од над 400 км/ч се многу ретки затоа што ретко кој автомобил може да достигне таква брзина. Nevera била ставена во т.н. Top Speed начин на работа, создавајќи аеродинамичен профил кој го урамнотежува отпорот и потисната сила за да се обезбеди стабилност рпи големи брзини. Опремена со гуми Michelin Cup 2R, кои се дозволени за пат, и под надзор на техничар од Michelin, кој ја проверил нивната состојба, Nevera била подготвена за поставување рекордни брзини, како што можете да видите и од видеото во прилог.
Зад воланот бил Мирослав Зрнчевиќ, главен тестер и развоен возач. Неговиот предизвик бил да постигне совршен влез од кривините во рамнините за да ја осигура најдобрата можна прилика за да достигне максимална брзина.
Со постигнатата брзина Neverа станува најрбзиот електричен автомобил во сериско производство во светот и воедно, оваа брзина е најголемата кога било достигната на патеката Automotive Testing Papenbоurgh. Брзината била измерена со помош на Racelogic V-Box, односно високо прецизен мерен уред базиран на GPS.
Nevera се испорачува на купувачите со ограничена брзина од 350 км/ч, но може да постигне најголема брзина од 412 км/ч на посебни терени, во контролирани услови и со поддршка на тимот на Rimac Automobili. Производството на Neverа моментално се врши во центарот на Rimаc на Јанкомир, а првите автомобили веќе се пристигнати кај купувачите ширум светот.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)