Ракетата на НАСА од најновата генерација денес рано наутро полета од Флорида на својот прв лет до Месечината. Ракетата не носи екипаж и го означува почетокот на програмата за истражување Артемис 50 години после првата мисија на нашиот природен сателит, Аполо.
Ракетниот систем висок колку 32 ката, Space Launch System, полета од вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал, Флорида и треба да ја понесе капсулата Orion на тринеделно тест патување.
Капсулата Орион ќе патува 25 дена и ќе стигне на растојание од околу 97 км до површината на Месечината, па потоа ќе помине 64.374 позади Месечината и назад до Земјата.
Оваа мисија наречена Артемис I е првиот лек на комбинацијата од ракетниот систем SLS и капсулата Orion, а ги изгради компанијата Boeing заедно со компанијата Lockheed Martin Corp во договор со НАСА.
Исто така, мисијата означува огромна промена во насоката во која одат плановите на НАСА после мисијата Аполо, откако со децении американската вселенска агенција беше насочена кон ниската орбита на Земјата и Меѓународната вселенска станица.
Името на мисијата доаѓа од грчката божица на ловот и сестра близначка на Аполо, Артемис, а има за цел да ги врати астронаутите на површината на Месечината до 2025 година.
Во новата вселенска програма на НАСА се вклучени комерцијални партнери како компанијата SpaceX на Илон Маск и вселенски агенции од Европа, Канада и Јапонија за евентуално воспоставување на долготрајна лунарна база, како почетен чекор во воспоставувањето на поамбициозни човечки патувања на Марс.
Капсулата очекува да падне во море на 11 декември.
(Reuters)
(фото: NASA)