На вработените во Тwitter им беше испратен имејл со најстрашната содржина што можат да ја замислат сега, пишува Washington Post. Имено, имејлто ги информирал дека до четврток мора да одлучат дали ќе останат во компанијата или ќе бараат отпремнина.
Тие што скааат да продолжат да работат на новата верзија на Twitter која ја замисли Маск треба да кликнат на еден линк во пораката, а тие што нема да го направат тоа во дадениот рок, автоматски ќе бидат отпуштени од работа и ќе добијат отпремнина која одговара на три месечни млати.
„Во иднина за да го изградиме Twitter 2.0 и да успееме во се поконкурентниот свет, мора да бидеме навистина тврдокорни. Тоа значи долготрајна и многу интензивна работа. Единствено извонредни перформанси ќе бидат задоволувачки“ напиша Маск.
Милијардерот потоа им се заблагодарува на сите кои помогнале Twitter да стане успешен и додава дека компанијата во голема мера ќе биде водена инженерски и оние кои произведуваат одличен софтвер ќе бидат мнозинство во новиот тим.
Имејлот заедно со новата политика за враќање во канцеларја следува само неколку недели откако Маск официјално ја презеде компанијаѕа и веднаш отпушти околу 50% од вработените.
Тоа беше еден од неговите први потези како директор и сопственик на Twitter, кој го купи за 44 милијарди долари на 27 октомври. Истиот ден тој ги отпушти извршниот директор Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал правничката Вијаји Гаде и правниот советник Шон Еџет. Сам себе се постави за единствен член на управниот одбор, додека сите останати членови ги смени.
(Zimo)
(фото: nesprima.it)