Климе Попоски е нов претседател на УО на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје

- Advertisement -

Климе Попоски е назначен за претседател на Управниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје. На предлог на Надзорниот одбор на Vienna Insurance Group (ВИГ) од Виена, Австрија, и по добиена согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Попоски ја презеде функцијата генерален директор, од 15-ти ноември, 2022 година.

Професионалната кариера на новиот претседател на управата е поврзана со осигурителниот сектор и тоа како универзитетски професор, истражувач и прв Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, функција која ја обавуваше во два мандати во периодот 2009/2019 година. Има објавено голем број на научни и стручни трудови во реномирани научни списанија и предавач на признати Универзитети како што се:   Katie School of Insurance & Risk Management, College of Business, Illinois State University, The Dr. William T. Hold/The National Alliance Program за Risk Management and Insurance на Florida State University, St. John’s University, School of Risk Management,  во New York, Center for Scientific Interdisciplinary Risk and Sustainability Management  при Ostfalia University of Applied Sciences, , International Center for Insurance Regulation, Goethe University, Frankfurt, Humboldt-Universität zu Berlin, Faculty of Economics and Business Administration.

- Advertisement -

Пред да биде избран за новата функција, Климе Попоски ја обавуваше функцијата член на Надзорен одбор на Винер во периодот ноември 2020/2021 год , а од ноември 2021 беше Советник за стратешки прашања. Попоски е член на Собранието при Стопанската Комора, почесен член на Македонското здружение на актуари, како и на меѓународното здружение на Actuaires du Monde. Од посебно значење е инволвираноста во Asia-Pacific Risk and Insurance Association како член на Бордот на гувернери, како и иницијатор и еден од основачите на новоформираната Eastern Europe Risk Insurance Association.

„ВИГ (Vienna Insurance Group) е водечка осигурителна групација во Централна и Источна Европа, со присуство во 30 земји и поседува преку 50 друштва за осигурување. Наша цел е да бидеме првиот избор за нашите клиенти. Нашите осигуреници гледаат на нас како стабилен и доверлив партнер. Ние им овозможуваме на клиентите да живеат побезбеден и подобар живот. Оваа визија ни овозможува да ги испорачаме нашите ветувања и да придонесиме за нашата позиција како една од водечките компании на македонскиот осигурителен пазар“ – изјави Попоски.

- Advertisement -

Главни приоритети во неговиот мандат ќе бидат: обезбедување осигурителни решенија за сите потреби на клиентите и со квалитетен и чесен деловен однос да се формира база на лојални корисници и на тој начин да се достигне лидерска позиција на осигурителниот пазар. Деловниот модел на компанијата ќе се заснова на мотивирани и високо профилирани стручни лица, дигитализација на деловните процеси, силна капитална база, понуда на нови иновативни производи и посветеност кон корпоративна општествена одговорност.

Сподели!
- Advertisement -