Македонското иновативно решение за кровни градини Семпервел се претстави на меѓународниот саем Анталија Експо 2022 наменет за иновативни земјоделски технологии и опрема, хортикултурни решенија, системи за наводнување, одгледување семиња и садници, како и за исхрана и заштита на растенијата, а кој се одржува во период од 23-26 ноември.
Семпервел е модул на кровни градини решение на македонската компанија ФОЈА, која е специјализирана за хортикултурно уредување, производство и продажба на декоративни садници. Со него се крати времето за изведба и се намалуваат трошоците за реализација на екстензивните кровни градини. Станува збор за квалитетно, трајно и одржливо решение кои ги прави кровните градини многу подостапни за сите. Може да се изведува на куќи, згради, компаниски објекти и други рамни кровни површини.
“Воспоставивме контакти и разговаравме за можности за пласман на овој иновативен производ првично на турскиот пазар, но и пошироко. Семпервел како решение има огромен потенцијал, и 100% придонесува кон зачувување на животната средина. Придобивките од Семпервел кровните градини се бројни но првенствено тие обезбедуваат: заштеда на енергија, го прочистуваат воздухот и ја намалуваат бучавата! Неопходни се во градските средини, посебно таму каде има огромна концентрација на бетон, недостиг на зелени површини и огромна концентрација на луѓе и автомобили. Анталија Експо 2022 е еден од најголемите и најзначајните саеми во светот каде се претставуваат земјоделски и хортикултурни иновации од целиот свет, што за нас е голем предизвик, но истовремено и можност за потврда на иновативноста и функционалноста на нашето решение”, изјави Ѓорѓи Самарџиев од ФОЈА.
За решението повеќе на следниот линк Семпервел, или преку е-mail: fojako@gmail.com +389 2 2772 046. Кровните градини се новитет кој постојано се докажува како одлично решение!
###########################################################################
Повеќе инфо за бенефитите од екстензивните кровни градини-
Истражувачите проценуваат дека кровна градина со површина од 100м2 може да отстрани околу 40 килограми PM честички од воздухот за една година, а исто така да произведува кислород и да го отстрани јаглерод диоксидот (CO2) од атмосферата. Четириесет килограми PM се приближно колку што 15 патнички возила ќе испуштат за една година типично возење. Покрај тоа, некои растенија што се користат, при подигање на кровни градини , како што се Sedum album и Sedum spurium, се метални хиперакумулатори, со невообичаено високо ниво на внес и складирање на елементарни метали.
Подобрување на квалитетот на воздухот
Бенефитите на зелените кровови, се подржани и со истражување направено од Американската агенција за заштита на животната средина. Која покажува: Вкупната покриеност со кровни градини во Канзас, која изнесува повеќе од 2 ha, резултира со избегнати дури:
17,5 кг- Азотен оксид (намалувањето на соединенијата на азот-оксид со зелен покрив се пресметува дека вреди 0-30 денари по квадратен метар со кровна градина).
33,5 кг – Сулфур диоксид
27 тони – јаглероден диоксид .
Намалување на загревањето
Кровните градини го намалуваат загревањето. Крововите на кои има поставено кровни градини се со 1-4° степени пониска температура, наспроти конвенционалните кровови. Исто така можат да ја намалат температурата во околината и до 5 °.
Растенијата на зелените покриви го користат дождот веднаш. Во лето, градините на кровот можат да задржат до 80% од врнежите. А во зима до 40 % од дождовите. По искористувањето, водата се враќа во атмосферата преку транспирација и испарување.
Истражување во Флорида, покажало дека просечната максимална температура на површината на зелените кровови, не поминува повеќе од 30°C, додека пак кај конвенционалните градини, може да достигне и повеќе од 59 °C.
Намалување на трошоци
Истражувачите од Националната лабораторија Лоренс Беркли спроведоа анализа на трошоците за животниот циклус на зелените покриви, студените покриви и конвенционалните покриви.
Истражувањето покажува дека иако изработката на зелените кровови, првично е поскапа, тие обезбедуваат значително повисоки релативни придобивки по квадратен метар во текот на 50 годишен животен циклус. (на пр. заштеда на трошоците за енергија, избегнати емисии…) Во споредба со конвенционалните покриви, придобивките од широките зелени покриви обезбедуваат заштеда од 800 денари по квадратен метар.
Дополнително, зелените покриви можат да ја намалат потрошувачката на енергија во зградите за 0,7% во споредба со конвенционалните покриви, намалувајќи ја максималната потрошувачка на електрична енергија и доведувајќи до годишна заштеда од 0,23 долари по квадратен метар од површината на покривот. Друго канадско истражување, анализира заштеда на енергија за греење и ладење на зелен покрив од приближно 2800 м2 на еднокатна комерцијална зграда во Торонто, и дојде до заклучок дека зелениот покрив може да заштеди околу 6 отсто од вкупното ладење и 10 проценти од искористената енергија за греење, соодветно, или вкупно околу 21.000 kWh.
Покривите на кои има кровни градини имаат пониски температури на површината и ја намалуваат потрошувачката на енергија во зградите во текот на целата година, иако ефектот варира во зависност од сезоната. Зграда од 8 ката во Мадрид, Шпанија објави годишно намалување на потрошувачката на енергија за 1%, со заштеда од 0,5% во зима и 6% во лето. Повисоките катови покажаа поголеми намалувања во користењето енергија.
Заштеда!
Изолацијата на зградите на кои се поставени кровни градини, опстојува скоро двојно подолго време, отколку кај конвенционалните згради, чиишто кровови, бараат почеста замена или репарација.
Еден модел, покажува дека просечно животниот век на конвенционални кровови е 18 години, додека кај добро поставени кровни градини, може да биде и до 30 години. Што е скоро двојно повеќе.
Зголемување на вредноста на зградите до 15%!
Податоците од Costar и USGBC открија дека зелените згради реализираат 5,7% повеќе кирија од конвенционалните згради на национално ниво. Имплентирање на зелениот простор во урбана средина додава естетска вредност на имотите во близина. Близината до зелен простор, особено погледите на паркови или пак згради со кровни градини, може да ја зголеми вредноста на зградата до 15%. Студија исто така покажала дека со инсталирање на 5 милиони метри квадратни со кровни градини, би се намалил трошокот за вода за околу 435 милиони галони или 19% секоја година.
Се намалува нивото на бучава на покривот!
Според направени студии, кровни градини со дебелина 5-15 цм го намалиле нивото на бучава на покривот за 8 децибели или повеќе, во зависност од содржината на вода во супстратот за растење.
Колку е поголем делот на покривот покриен со зеленило, толку е поголемо намалувањето на звучниот притисок од звуците што патуваат низ покривот.
Кровните градини имаат потенцијал да ги намалат и звуците со ниска фреквенција (блокирани од супстратот) и звуците со висока фреквенција (блокирани од вегетацијата).
Придобивките од намалувањето на бучавата со кровна градина зависат и од локацијата на зградата, при што најголемите придобивки добиваат оние кои се во близина на автопати или области со голем сообраќај.
Студија од 2004 година покажала дека потенцијалните заштеди во однос на потенцијалното намалување на трошоците за ублажување на бучавата се околу 260-290 денари по квадратен метар зелен покрив годишно.
Придобивките се небројни. Студија покажува дека канцелариските работници се 2,9% попродуктивни кога погледот од нивните канцелариски прозорци вклучува вегетација.