Општина Аеродром идната година ќе издаде зелена обврзница

- Advertisement -

Општина Аеродром за првпат во 2023 година ќе издаде т.н. зелена обврзница. Таа обврзница треба да ја поддржи реализацијата на капиталните инвестиции во овој период на енергетска и економска криза.

Во моментот таму се планира буџетот за 2023 година, во кој се планирани инвестиции во неколку битни капитални проекти, како што е изградба на две детски градинки и нов плоштад зад трговскиот центар Капитол, како и доградба и надградба на две нови училишта и нови паркови во Аеродром. Како што информираат оттаму, тоа се само дел од капиталните проекти кои ги најавуваат за следната година.

- Advertisement -

Од Општината додаваат дека во идните проекти фокусот им е на зелен и хуман развој, кој само ќе добива на интензитет и динамика во идниот период. Тоа значи дека сите нови проекти на општината ќе бидат енергетски ефикасни и ќе имаат систем за обновлива енергија.

Сподели!
- Advertisement -