Alphabet се подготвува да отпушти 10.000 работници

- Advertisement -

Компанијата-мајка на Google, Alphabet, која досега изгледаше дека е имуна на бранот откази кое се поделија во технолошката индустрија, сега се подготува да отпушти од работа околу 10.000 вработени. За да го направи тоа постои нов систем кој ги рангира работниците според нивните перформанси.

Технолошките компании кои во текот на пандемијата забележаа голем раст сега почнаа да ја кратат работната сила во овој период на рецесија. Претходно во текот на овој месец Meta најави дека ќе ја намали работната сила, а исто така и Amazon.

- Advertisement -

Иако се проширија вестите дека Twitter отпушта половина од своите вработени, отказите во Lyft, Stripe, Chime, Salesforce, и во Opendoor останаа незабележани. Сепак, откази се случуваат насекаде околу нас и досега годинава само во САД работата ја изгубија 135,000 вработени.

Најверојатно пребарувачот Google е последната во низата компании кои бараат начини за намалување на работната сила додека се обидуваат да си ги скратат трошоците и да ја зголемат профитабилноста. Побарувачката за онлајн улусуги во овие пандемиски годими значеше дека компаниите наголемо почнаа да вработуваат, а сега последица на тоа е поголем број на скратени работни позиции.

- Advertisement -

Како што светот се врќаа во нормала и луѓето се враќаат на своите навики од пред пандемијата, сега и растот на технолошките компании е во надолен тренд. Дури и Amazon, кој беше несопирлив мотор на раст, очекува многу слаби резултати во последниот квартал од годинава.

Google исто така пријави пад на профитот од 27% во третиот квартал и сега воведува нов систем за перформанси кој ќе помогне компанијата да не плаќа бонуси и грантови на своите вработени. Според тој систем, менаџерите ќе категоризираат 6% од вработените како вработени со ниски перформанси во поглед на нивното влијание врз бизнисот. Системот, исто така, го намалува процентот на луѓе кои имаат висок рејтинг, а менаџментот ќе го искорист тоа за да почне да ги отпушта од работа вработените со незадоволителни перформанси. Кога ќе почне да се применува, системот ќе принуди 10.000 вработени да ја напуштат компанијата.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

Сподели!
- Advertisement -