Пилешко месо одгледано во лабораторија на пат да добие дозвола за употреба во Америка

- Advertisement -

Пилешко месо одгледано во лабораторија наскоро ќе почне да се продава во продавниците во САД откако Агенцијата за храна и лекови го даде првото зелено светло кон целосно одобрение. Компанијата која го произведе месото, Upside Foods, е на патот да стане првата компанија која ќе го помине тој регулаторен процес.

Компанијата од Калифорнија одгледува вистинско пилешко месо во лабораторија од клетки, со што сакаат да се спречи чувањето на кокошки во минијатурни кафези и нивно убивање. Наместо тоа, како што велат од Upside Foods, тие земаат мали примероци здрави пилешки клетки, ги ставаат во средина богата со хранливи материи и им овозможуваат да растат додека не станат вистинско месо кое е спремно за готвење.

- Advertisement -

Но, пред нив е многу убедување додека луѓето се навикнат на помислата да консумираат такво месо, било да се тоа вегани или луѓе што јадат месо. Од Агенцијата за безбедност на хранат при Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и лекови соработувале уште од 2019 година на развојот ан формален регулаторен процес за новите видови месо кои ќе се појавуваат во иднина. Според нивниот договор, Агенцијата за храна и лекови е задолжена за процесот на одгледување на клетките, а Агенцијата за безбедност на храната ги надгледува сите чекори пред тоа.

Од агенцијата за храна и лекови велат дека од консултациите со компанијата и процерката на производниот процес и одгледувањето на клетките не откриле некакви проблеми со безбедноста на ова месо. Но, додаваат дека овој прв чекор не значи дека месото е официјално одобрено за употреба, туку дека во моментот не постојат проблеми со безбедноста на производот.

- Advertisement -

Ова е битен чекор, но следуваат уште доста чекори до официјално одобрување. Досега единственото одобрено пилешко месо одгледано во лабораторија се користи во Сингапур.

(New Atlas)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -