Како влијание има загадувањето на воздухот врз мозокот и менталното здравје?

- Advertisement -

Дишењето загаден воздух го менува мозокот, покажа ново истражување. Луѓето кои дишат загаден воздух имаат поголема веројатност да развијат ментални проблеми отколку тие што дишат чист воздух, се вели во студијата.

Луѓето кои дишат загаден воздух ги менуваат деловиге од мозокот одговорни за емоциите, а како резултат на тоа тие многу поверојатно ќе страдаат од депресија или анксиозност отколку луѓето кои дишат чист воздух. Тоа се клучните откритија на систематската студија која неодамна беше објавена во весникот NeuroToxicology.

- Advertisement -

Интердисциплинарниот тим анализирал над 100 написи за истражувања врз животни или луѓе кои се фокусирале на ефектите на загадувањето на надворешниот воздух врз менталното здравје и деловите од мозокот кои регулираат емоции. Трите главни делови од мозокот на кои се фокусирале биле хипокампусот, амигдалата и префронталниот кортекс.

Нивната анализа покажала дека 73% од студиите покажале поголеми ефекти врз менталното здравје кај луѓето и животните кои биле изложени на поголемо загадување подолг период. Некои од нив биле изложени на високи нивоа на загадување кои се уште се сметаат за безбедни според стандардите на Агенцијата за заштита на животната средина.

- Advertisement -

Освен тоа, истражувачите откриле дека 95% од студиите кои го истражуваат мозокот докажуваат дека има значителни физички и функционални промени во деловите од мозокот за контрола на емоциите кај луѓе кои се изложени на поголемо загадување на воздухот.

Истражувачите откриле и дека има некои пропусти кај истражувањата кои мора да се пополнат за да се добие целосна слика за врската меѓу загадувањето и менатлното здравје. На пример, релативно мал број студии биле спроведени кај мали деца и бебиња. Тоа особено ги загрижува затоа што мозокот продолжува да се развива во адолесценцијата и затоа може да бидат особено подложни на ефектите од загадениот воздух.

- Advertisement -

Откриле и дека од сите студии кои биле направени за ефектите на загадувањето врз мозокот само 10 биле направени врз луѓе. Додека истражувањата на животни покажале дека загадувањето може да предизвика многу промени кај животинскиот мозок, има лимитирани студии на ефектите врз човечкиот мозок. Освен тоа, најголем дел од таквите студии кај луѓе биле фокусирани на физичките промени, како што е големината на мозокот. Потребни се повеќе истражувања на функционалноста на мозокот.

Во иднина истражувачите планираат да спроведат истражување за тоа како загадувањето на воздухот го золемува ризикот од појава на анксиозност во адолесценцијата.

(World Economic Forum)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -