Кинескиот нуклеарен остров го доби првиот реактор

- Advertisement -

Изградбата на Linglong One, мултинаменски реактор со вода под притисок кој ќе има повеќекратма примена, беше поставен во провинцијата Ханан во јужниот дел на Кина. Кинеската национална нуклеарна корпорација го гради Linglong One базирано на независни кинески истражувања и права на интелектуална сопственост.

Од Интернационалната агенција за атомска енергија велат дека ова е првиот рекатор од овој тип во светот. Кога ќе биде комплетиран, реакторот Changjiang ACP100 ќе произведува 1 милијарда киловат-часови електрична енергија годишно, што е доволно за да се задоволат потребите на 526.000 домаќинства. Реакторот е дизајниран за користење за електрична енергија, греење, пареа или за десалинизација на морска вода.

- Advertisement -

Т.н. нуклеарен остров во центарот на нуклеарната централа е Linglong One. Истражувањата покажуваат дека во иднина ќе се гради побитната инфрастурктура, како што се садови под притисок и генератор на пареа. Проектот Linlong One, кој почна да се гради во јули минатата година, ќе има највисоко ниво на безбедност, брзо ќе се гради и ќе биде адаптибилен, меѓу другите бенефити. Се очекува дека изградбата на целиот нуклеарне остров ќе заврши за 58 месеци.

Проектот заедно го работат три компании: Кинеската национална нуклеарна енергија, која е подружница на CNNC, која е сопственик и управител со проектот, Институтот за нуклеарна енергија, кој е задолжен за дизајнирање на реакторот, и Кинеската инженерска групација за нуклеарна енергија, која треба да ја изгради централата.

- Advertisement -

Реакторот е планирано да обезбедува енергија и да задоволува други потреби за индустриско греење, регионално греење, десалинизација на морска вода итн. 1 милијарда киловат-часови струја ќе се произведуваат само од еден сет на Linglong One, кој има капацитет од 125.000 киловати.

Linglong One е совршена илустрација за тоа колкави суми инвестира Кина во енергетски проекти и тоа не само со цел да стане независна во снабдувањето со енергија, туку и за да се префрли на поеколошки извори со помала емисија на СО2.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: CNCC)

Сподели!
- Advertisement -