Научници открија како бактериите ги избегнуваат антибиотиците

- Advertisement -

Бактериите имаат талент за развивање отпорност на лековите, што претставува се поголема закана по глобалното здравје. Способноста на бактериите да развијат отпорност на антибиотиците има древно потекло и им овозможува на бактериските инфекции да станат отпорни на лекови и да го одземат животот на дури 1,3 милиони луѓе годишно.

Но, сега со досега невиден трик научниците открија како бактериите ги избегнуваат антибиотиците. Тие микроби можат да ги украдат гените едни од други, брзо да ги пренесуваат тактиките за отпорност на антибиотиците, а нивните стратегии вклучуваат директно деактивирање на антибиотиците, спречување на насобирање на антибиотици во нивните системи или менување на таргетите на антибиотиците така што тие повеќе не се ефикасни. Делуно благодарение и на употребата на антибиотици супербактериите со тек на време развивале повеќе тактики на отпор, што ги направи многу тешки за лекување.

- Advertisement -

Овој нов облк на отпорност не може да се открие во условите кои рутински се користат во патолошки лаборатории, што на докторите им го отежнува одредувањето кои антибиотици ефикасно ќе ја лекуваат инфекцијата, а тоа потенцијално доведува до лоши исходи и дури и прерана смрт.

Научен тим од микробиолози го откри тој нов механизам на микробите ддека истражувале како стрептокока од групата А реагира на антибиотици. Станува збор за бактерија која вообичаено предизвикува воспаление на грлото и кожни инфекции, но може да доведе и до системски инфекции како шарлах и синдром на токсичен шок.

- Advertisement -

Бактериите треба да создаваат сопствени фолати за да растат и да предизвикуваат болести. Некои антибиотици делуваат така што го блокираат производството на фолати за да го стопираат растот на бактериите и да ги лекуваат инфекциите. Кога го набљудувале антибиотикот кој обично се препишува за лекување на кожно инфекции со стрептокока од групата А пронашле механизам на отпорност каде што по прв пат во историјата бактериите покажале способност за преземање фолати директно од својот човечки домаќин кога им е блокирано производството на сопствени, објаснуваат истражувачите.

Со други зборови, стрептококата добила веќе обработени фолати надвор од сопствените клетки, а тие молекули ги има во изобилство во нашите тела. Овој процес целосно го заобиклоува дејството на сулфаметоксазл, кој е натибиотик што треба да ја инхибира синтезата на фолати во бактериите. Со оваа новооткриена способност на бактериите овој лек станува неефикасен.

- Advertisement -

Научниците идентификувале најмалку еден ген клучен во процесот – thfT. Тој кодира дел од системот за собирање фолати сличен на нашиот сопствен бидерјќи исто така не можеме да приизведеме фолат и мораме да го добиеме од хранат, Бактериите стрептокока од групата А со овој ген пронашле начин да вшмукуваат фолати и да ја поткопуваат ефикасноста на сулфаметоксазолот. Во лабораторија стрептококата подлегнува на сулфаметоксазолот затоа што нема друг достапен извор на фолати. Во овој случај бактериите се отпорни на антибиотици само кога создаваат инфекции во нашето тело. Тоа значи дека во патолошките лаборатории уште нема едноставен начин на откривање на оваа резистенција на антибиотици.

Истражувачите велат дека ова е само едно зрно во цел куп затоа што се сомневаат дека овој механизам кој го откриле кај стрептокока од групата А се важи и кај други бактериски патогени.

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -