Млекопроизводството во Македонија се модернизира, пристигна уште еден робот за измолзување

- Advertisement -

Вториот робот за измолзување, набавен преку проектот на Бимилк и УСАИД чија цел е модернизација и унапредување на млекопроизводството во Македонија, пристигна кај корисникот – фармата „Млекопромет” од Мусинци која ќе биде една од првите фарми во Македонија што со инвестицијата од Битолска млекара ќе применува современа технологија во примарното млекопроизводство.

- Advertisement -

Целта на модернизацијата на малите и средните фарми во Македонија и примената на новите технологии е зголемување на продуктивноста и приносот од кравите, на квалитетот на млекото и воопшто за унапредување на процесот на млекопроизводството.

Внесувањето на роботот за измолзување е голем исчекор во зголемување на одржливоста на млечната индустрија во Македонија, велат од Битолска млекара.

- Advertisement -

Роботот за измолзување крави е една од најголемите и највредни инвестиции за една фарма и тоа е она што Битолска млекара го прави за своите кооперанти, затоа што примарните млекопроизводители се столбот на млечната индустрија. Само на овој начин, со соработка и со примена на современи технологии, можеме да дојдеме до зголемување на примарното млекопроизводството и на продуктивноста на кравите а со тоа и до зголемување на домашното производство. Светските искуства покажуваат дека оваа технологија има исклучително позитивно влијание врз продуктивноста на фармите. Ја користиме оваа прилика уште еднаш да ја истакнеме и финансиската и техничката поддршка на УСАИД со Проектот за развој на деловниот екосистем, во реализацијата на оваа инвестиција“, изјавија од Млекара АД Битола.

Моделот на роботот за измолзување е Fullwood M2erlin од Milkomax Solutions laitières, веќе има масовна примена во модерните фарми и бенефициите од неговото користење се докажани.  

- Advertisement -

Според корисникот, фармата „Млекопромет“ која што е една од поголемите фарми во земјава, без оваа инвестиција не би можеле да набават ваква современа опрема.

„Доколку не е дадена помош и поддршка, вакви проекти нема да можат да бидат реалност. Оваа соработка што ја имаме со Битолска млекара и поддршката што ја добиваме токму за подобрување на нашата работа, нè охрабрува дека може да направиме голем исчекор во развојот којшто е неминовен. Иако за роботизацијата постоеја многу недоумици и воздржаност дали може да се спроведе и во Македонија, искуството од првата фарма а еве отсега и ние ќе покажеме дека значајно се зголемува и продуктивноста и квалитетот на млекото, а тоа е она што сите го сакаме и кон кое целиме, истакна сопственикот на фармата „Млекопромет“.

Ова е втор робот за измолзување којшто е обезбеден од Битолска млекара со поддршка на УСАИД преку проектот за развој на деловниот екосистем, а наменет за  поддршка на развојот и зголемување на потенцијалите на семејните фарми. Пред „Млекопромет“, првата млекарница што доби робот за измолзување беше фармата „Пивко“.

Сподели!
- Advertisement -