Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е избран за личност на годината за 2022 година, напиша Financial Times.
„Претседателот на Украина е персонификација на отпорноста на својот народ и стана носител на стандардот за либерална демократија. Зеленско исто така стана олицетворение на храброста и истрајноста на украинскиот народ и нивната борба против руската инвазија“ го објасни FT својот избор.
Новинарите на овој магазин укажаа на тоа дека Зеленски ги користел социјалните мрежи на ист начин како што Винстон Черчил го користел радиото во свое време. Имено, претседателот на Украина преку Instagram и Telegram ги повикуваше западните сили да дадат воена и финансиска поддршка, со што неволјите на украинскиот народ ги претвори во морална борба за влијание на лидерите на Европа и САД.
Според FT, Зеленски ги убедил Европејците дека сносат огромни трошоци да се спротивсстават на Путин и да му понудат на Киев пат до членство во ЕУ. „Украина го изненади светот со одбивањето на нападите на Киев и спроведувањето контраофанзива во регионите на Каркив и Керсон, се вели во текстот.
(Bizlife)
(фото: ceeep.mil.pe)