Мозокот на тинејџерите во САД физички се сменил во текот на пандемијата на КОВИД-19 и сега старее побрзо отколку што е нормално, вели една нова студија. Младите учесници во студијата пријавиле сериозни проблеми со анксиозност, депресија и она што научниците го нарекуваат интернализирани проблеми, односно чувство на тага, ниска самодоверба, страв и проблеми со регулриањето меоции – после првата година од пандемијата.
Десетина студии досега откриле дека менталното здравје на тинејџерите и на адолесцентите било нарушено во текот на пандемијата. Не одеа на училиште, беа оддалечени од своите пријатели и познатите структури на поддршка, додека мораа да живеат во стравот и незивесноста кои ги донесе вирусот на КОВИд-19. Милиони деца ги изгубија родителите и дедовците и бабите поради корона вирусот.
Новата студија, која е објавена во списанието Biological Psychiatry: Global Open Science, е една од првите кои ги согледуваат физичките промени во мозокот кои предизвикуваат стрес и анксиозност. Истражувањето произлегло од поголема студија во која научниците се обидудале да ги разберат родните разлики во депресијата кај адолесцентите.
Пред 8 години тие истражувачи почнале на секои две години на 220 деца на возраст од 9 до 13 години да им се прави магнетна резонанца. Пред да почне пандемијата биле завршени два сета скенирање и не можеле да почнат повторно до крајот на 2020 година. Тимот одлучил дека би било интересно да се проучи какво влијание има пандемијата врз здравјето кај младите, а скенирањата пред пандемијата ќе им помогнат во тоа.
За новата студија биле направени магнетни резонанци на 128 деца. Половина од скенирањата биле направени пред пандемијата, а другата половина на крајот на 2020. Октриле дека децата кој ја преживеале првата година имале постар мозок од тоа што треба да имаат на таа возраст.
Мозокот кој поминал низ пандемијата имал раст кај децата во делот кој може да помогне со регулирање на стравот и стресот, наречен амигдал во хипокампусот, односно, делот од мозокот кој може да го контролира пристапот до меморијата. Ткиватабсе истенчиле во делот од мозокот кој го контролира извршното функционирање, односно коретексот.
Она тѕо не е јасно е дали промените во мозокот ќе имаат влијание подоцна во животот. Истражувачкиот тим планира да ги скенира истите деца за да го следи развојот на нивниот мозок. Постои шанса нивните промени во мозокот да се само моментален одговор на стресот кој со тек на време ќе се нормализира, велат истражувачите.
Д-р Макс Вицнигер, шеф на педијатриска неврологија во детската болница UH Rainbow Babies & Children’s Hospital, вели дека промените во мозокот биле интересни, но она што е битно е дали проблемите со менталното здравје траат.
(Bizlife)
(фото: ndla.no)