Ова е најцврстата легура на Земјата

- Advertisement -

Научници тестираа едноставна легура на хром, кобалт и никел, која претставува најцврстиот материјал кога било откриен на Земјата. Во нова студија тим од истражувачи предводен од Лабораторијата на Беркли направи низа тестови на новата легура CrCoNi и откри не само дека е многу жилава, туку и цврста и растеглива, а тие својства уште се подобруваат на ниски температури, за разлика од повеќето познати материјали.

Оваа легура содржи хром, кобалт и никел, а припаѓа на класа метали кои се нарекуваат легури со висока ентропија. Најголем дел од легурите се состојат од еден доминантен елемент со помала количина на другите дополнители елементи, но HEA содржи еднакви количини од секој елемент. Тоа може да им даде некои импресивни својства, како што се голема цврстина и тежина, модул на еластичност кој расте со покачувањето на температуратa или ултрацврстина и растегливост.

- Advertisement -

Во претходниот труд истражувачите откриле дека CrCoNi покажува висока цврстина и жилавост на ниски температури од околу -196 °C. За новата студија тимот истражувал како би издржал дури и на пониски температури од -253 °C, на кои хелиумот станува течност и неговата отпорност достигнала нови висини спречувајќи ширење на пукнатините.

Обично материјалите стануваат покршливи на пониски температури, па тимот истражувал како CrCoNi се држи толку добро. Користеле неколку типови на микроскоп за да ја испитаат структурата на кристалните решетки од легура под влијание на сила.

- Advertisement -

Се покажало дека CrCoNi својата ладна отпорност ја добива со низа атомски интеракции кои се случуваат по одреден редослед. Несовршеностите во кристалите се поместуваат со примена на сила се додека не се создадат препреки кои работат на зголемување на отпорот против таа сила. Последниот чекор од процесот е претворање на кристалната структура од кубична во хексагонална.

Тимот научници вели дека отпорноста на неверојатно ниски температури на легурата би можела да ја направи корисна за објекти кои работат во експремни средини како што е длабоката вселена.

- Advertisement -

Истражувањето е објавено во списанието Science.

(Vidi.hr)

(фото: nara.getarchive.net)

Сподели!
- Advertisement -