Со отпечаток од прст ќе се проверува дали некој зел кокаин или не

- Advertisement -

Развиен е едноставен и брз тест кој може да идентификува дали некој зел кокаин со едноставен отпечаток од прст . Толку е прецизен што може за кратко време да направи разлика меѓу луѓето кои свесно ја зеле дрогата и тие кои случајно дошле во контакт со неа. Тестот фунцкионира дури и ако луѓето претходно добро ги измиле рацете.

Новата технологија ќе ги ослесни проверките на работни и јавни места, особено таму каде што сигурноста е проблематична. Тестот се базира на детекција на хемикалии кои се излачуваат преку потта.

- Advertisement -

Отпечатокот од прст е одличен начин за тестирање на дрога затоа што се прави многу брзо и брзо доаѓа до резултати. Со помош на нашата методологија може да се анализира отпечаток од прст за помалку од две минути“, велат истражувачите.

Бензоилекгонин, молекула која се произведува во организмот по земањето кокаин, ја покажува разликата меѓу луѓето кои консумирале кокаин или само ја држеле дрогата во раце. Оваа молекула не е присутна кај луѓето кои не ја консумирале оваа дрога од класа А дури ни после телесен контакт со кокаин. Овој принцип на тестирање може да се користи и за откирвање на корисници на хероин, марихуана и амфетамини.

- Advertisement -

Во текот на експериментите тестот прецизно и безболно ги покажал корисниците на кокаин и тоа со земање на само еден примерок. Отпечатоците од прсти биле земени од луѓе кои посетувале установи за рехабилитација и одвикнување од дрога. Учесниците во ескпериментот потоа требало темелно да ги измијат рацете со вода и сапун и повторно да го направат тестот. Истата постапка се користела за луѓе кои доле во контакт со кокаин на улица, но не ја консумирале.

Сподели!
- Advertisement -