Турција се пофали дека откриле нафтено поле вредно 12 милијарди долари

- Advertisement -

На југоисточниот дел на Турција, во покраината Сирнак, откриено е нафтено поле со ресерви од 150 милиони барели, објави турскиот претседатек, Реџеп Тајип Ердоган, после седница на владата.

„Откривме околу 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од десетте најголеми наоѓалишта на копно откриени годинава. Вредноста на резервите е околу 12 милијарди долари“ додаде Ердоган.

- Advertisement -

Турскиот претседател претходно најави дека Турција има намера да произведува околу 100.000 барели нафта дневно, но не прецизираа од кои наоѓалишта.

(SEEBiz.eu)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -