ВИДЕО: Boston Dynamics има нов робот кој се движи подобро од човек

- Advertisement -

Вoston Dynamics лансираше нова, електрична верзија на својот хуманоиден робот Atlas откако најавија повлекување на хидрауличниот модел. Во новото објавено видео новиот Atlas се свиткува за да стане од лежечка положба, пред да зачекори кон камерата и да ја сврти главата. Нозете, телото и главата на роботот можат да се ротираат за 360 степени, што му дава многу широк распон на движење.

Од компанијата изјавија дека нивната електрична верзија на Atlas е посилна, со поголем распон на движење од претходните генерации и дека се движи на начини кои ја надминуваат човечката способност.

- Advertisement -

„Дизајниравме електрична верзија на Atlas која е посилна, поагилна. Градиме робот кој ќе се движи на најделотворен можен начин за да ги изврши задачите, наместо да биде ограничен со човечки опсег на движење“ се вели во објавата од компанијата.

Hyundai, кој ја купи Boston Dynamics во 2021 година, планира во своите фабрики да користи хуманоидни роботи. Новите производни погодни треба да служат како полигон за тестирање на можностите на Atlas, објави корејската компанија.

- Advertisement -

(021)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -