Пенов: Заедно со швајцарската Влада реализираме седум регионални проекти вредни 2,3 милиони швајцарски франци

- Advertisement -



Договори за финансирање на седум проекти за развој на планските региони во Северна Македонија потпишаа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и швајцарската амбасадорка во земјава Вероник Улман, во рамките на проектот “Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – Фаза 2”.

-Вкупната вредност на проектите за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој е 2.377.277 швајцарски франци за седум плански региони, а Министерството за локална самоуправа самоуправа обезбедува 54% од средствата, а 46% поддржано од Швајцарија, рече Пенов.

- Advertisement -

Тој истакна дека проектите се одбрани во консултација со граѓаните од секој плански регион.

-Разговараме со амбасадорката да отвориме уште еден грант за планските региони, преку кој ќе се финансираат и проекти за енергетска ефикасност за општините, за да можат побрзо да се прилагодат на потребата за поголемо штедење на електрична енергија и за поефикасно функционирање. Ако има добри проекти секогаш ќе се најдат средства за нивно финансирање, со години ја имаме поддршката и од швајцарската Влада, рече Пенов.

- Advertisement -

Швајцарската амбасадорка во земјава Вероник Улман на настанот потенцираше дека планските региони во Северна Македонија имаат долга листа на потреби, но поставувањето приоритети, креирањето и финансирањето проекти кои имаат опипливи резултати и долгорочен добротвор во животите на луѓето остануваат како потешкотија за планските центри како и за регионалните совети.

„Предизвиците и проблемите се поголеми кога станува збор за одржливоста на овие влогови и инвестиции по завршувањето на проектите. Среќна сум што овие седум проекти кои се ко-финансирани од Министерството за локална самоуправа и Швајцарија беа успешно идентификувани од планските центри и регионалните совети.“ – истакна Улман.

- Advertisement -

Целта е преку финансирање на конкретни проекти од кои корист ќе имаат повеќе општини во регионот, да се решаваат прашања од регионално значење како што е опремување на регионалната противпожарна служба во Североисточниот плански регион и Изградбата на стационар за кучиња во Вардарскиот плански регион и други проекти.

Планирана е и реконструкција на домот за стари лица во Берово во рамки на Источниот плански регион и реконструкција на центарот за кардиологија во Охрид, како и фотоволтаични системи на јавни објекти во рамки на  Југоисточниот плански регион.

Во рамки на проектите ќе се реконструира Центарот за белодробни заболувања во Отешево, а ќе се реконструира и старото училиште во Кучково за Центар за рехабилитација на деца излекувани од карцином, во Скопскиот плански регион.

Сподели!
- Advertisement -